Земјоделците од денеска можат да аплицираат за субвенции

Почнува аплицирањето за директни плаќања за мерките од растително производство по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2011 година, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Од денеска заклучно со 31 мај земјоделците ќе можат да поднесат барања за финансиска поддршка за обработливи земјоделски површини со поледелски култури, градинарско производство, одржување постоечки лозови и овошни насади, како и подигнување нови лозови и овошни насади. Како што информира Агенцијата, почнува и поднесувањето барања за новововедената финансиска поддршка за одгледување ориз и сончоглед, како и за користење сертифициран семенски материјал, за производство на градинарски култури под контролирани услови.