Озрачена вода се истура од Фукушима во океанот

Јапонските власти почнаа со истурање на 11.000 тони нискоозрачена вода во океанот, со цел да ослободат простор за складирање на радиоактивен отпад, јавија медиумите. Новинската агенција АФП ја пренесува изјавата на претставник на јапонската нуклеарна агенција, која вели дека во нормални услови водата се преработува пред да биде испуштена. Но портпаролот на владата Јукио Едано претходно изјави дека властите немаат друг избор и од безбедносни причини мораат веднаш да ја истурат озрачената вода. Нуклеарката во Фукушима беше оштетена од цунами брановите кои пред три недели ги предизвика силниот земјотрес кој ја погоди земјата.