Нуклеарната безбедност не е вообичаена работа

Меѓународната агенција за атомска енергија денеска во Виена оцени дека кризата со оштетената јапонска нуклеарна централа Фукушима треба да го подигне нивото на нуклеарната безбедност во светот. Шефот на Агенцијата Јукија Амано ја предупреди меѓународната заедница дека нуклеарната безбедност е работа која бара поинаков третман од вообичаенот. Предходно Јапонија предупреди дека е можно да потрае неколку месеци спречувањето на радиоактивното истекување од нуклеарната централа Фукушима. Катастрофта доведе до значително зголемување на радијацијата во воздухот, почвата и морето околу централата.