Цената на нафтата скокна на 108 долари за барел

Цената на нафтата денеска достигна нов триесетмесечен рекорд од 108 долари за барел. Ова се објаснува со знаците на заздравување на пазарот на трудот во Соединетите држави, односно со уверувањето дека тоа ќе ја зголеми побарувачката за нафта. Владата во Вашингтон деновиве соопшти дека американското стопанство во минатиот месец отвори 216 илјади нови работни места и оти стапката на невработеност опадна на 8,8 насто.