Евакуација на персоналот на ОН од Брегот на Слоновата Коска

Обединетите нации соопштија дека евакуирале 200 вработени од северниот дел на Брегот на Слоновата Коска поради очекуваните борби во главниот град Абиџан меѓу силите лојални на двајца луѓе кои за себе велат дека се претседатели на таа земја. Силите на Аласане Оутара, кој е меѓународно признат како победник на изборите во ноември ја презедоа контролата врз поголемиот дел на земјата и сега се позиционирале околу Абиџан кој е во рацете на Лаурен Гбабго. Агенциите јавуваат за стотици загинати во борбите кои избувнаа во минатата недела.