Питреус: палењето на Коранот, нова опасност во Авганистан

Американскиот генерал Дејвид Питреус кој е командант на меѓународните сили во Авганистан изјави дека палењето на Коранот во една мала црква на Флорида и создава дополнителни опасности на мисијата против талибанците. Во изминативе три дена над дваесет луѓе, меѓу нив и седуммина странци вработени во Обединетите нации, биле убиени во Авганистан во насилните протести против палењето на Коранот. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи побара од американските власти да спречат секакво повторување на слични акти во Соединетите држави.