Јапонија предупредува „радијацијата ќе се сопре за неколку месеци“

Оштетената нуклеарна централа Фукушима во Јапонија

Јапонија денеска предупреди дека е можно да потрае неколку месеци спречувањето на радиоактивното протекувањето од нукеларната централа Фукушима. Агенцијата за безбедност соопшти дека прво треба да се поправи системот за ладење на централата за да може целосно да се сопре протекувањето, а тој процес може да трае и неколку месеци. Катастрофта доведе до значително зголемување на радијацијата во воздухот, почвата и морето околу централата со што се зголемува и загриженоста од здраствени ризици и долгорочна штета врз јапонската економија. Во меѓувреме, полицијата соопшти дека повеќе од 12 илјади луѓе загинаа од земјотресот и цунамито што ја погоди земјата пред 3 недели, а над 15 илајди луѓе се водат исчезнати.