Протести против локалната власт во Петровград

Стотици луѓе во Петровград, Русија денеска протестираат во знак на незадоволство од неуспехот на локалните власти да ги заштитат културните споменици во градот и да спречат несреќи во зимскиот период. Политички партии се приклучија кон демонстрациите на кои се собраа околу 700 жители на градот. Зимово пет лица, меѓу кои и две деца, настрадаа во несреќи на заледените улици. Локалните власти исто така ги налутија групите за заштита на културното наследство, откако во јануари годинава испратија апел до централната власт за отстранување на населеното место од ллистата на локации со културни знаменитости.