Талибанците ги охрабруваат протестите во Авганистан

Талибанските милитанти преку соопштение апелираа до народот во Авганистан да продолжи со протестите, тврдејки дека за било какво насилство се виновни владините сили. Апелот на талибанците следи по повикот на претседателот на Авганистан до американскиот Сенат. Шефот на државата бара осуда за палењето на Куранот во Соединетите американски држави, акт кој ги предизвика протестите во градот Кандахар во истоимената провинција. Вчера десет лица загинаа во немирите а денеска двајца полицајци беа убиени во судирите кои настанаа при протестите. Американскиор претседател Барак Обама ги осуди постапките на американскиот свештеник кој го запали Куранот, но и протестите во Авганистан, кои почнаа еден ден по нападот на канцеларијата на Обединетите нации во земјата.