Триесетмина загинати во бомбашки напад во Пакистан

се зачестија нападите на верски објекти во Пакистан - од експлозија во џамија пред неполн месец

Триесетмина загинале а десетици се повредени во експлозии на две бомби детонирани во верски храм во провинцијата Пунџаб во Пакистан. Нападот бил извршен во момент кога верници се собирале да му оддадат почит на светец кој бил погребан во верскиот објект. За сега не се знае дали станбува збор за самоубиствен напад.