Либијските бунтовници се повлекуваат од Брега

Либијските бунтовници се повлекуваат од градот Брега, клучна нафтена локација во земјата, јавија медиумите. Новинската агенција АФП ги пренесува изјавите на бунтовници кои велат дека 300-400 борци биле принудени да се повлечат од населеното место по судирите со лојалистите на лидерот Муамар Гадафи. Приврзаниците на опозицијата и понатаму ја подржуваат странската офанзива во нивната земја, која е со цел затворање на воздушниот простор, и покрај инцидентот во кој наводно загинале 13 борци. НАТО, која ги координира нападите врз војската во северноафриканската земја, соопшти дека ќе ги провери извештаите за настанот. Во меѓувреме, силите на лидерот го бомбардираат и градот Мисрата, последниот центар на бунтовничкото движење во западниот дел на Либија.