Илјадници масакрирани на Брегот на Слоновата Коска

Илјадници луѓе биле масакрирани на Брегот на Слоновата Коска во борбите на ривалните сили по оспорените претседателски избори во земјата, јавија медиумите. Тешки судири меѓу силите на признатиот од ОН Претседател Аласан Куатара и силите лојални на неговиот ривал Лаурент Гдабo се случуваат во главниот град на земјата Абиџан. Се јавува дека од 800 до 1,000 лица биле убиени во градот Дуекое во западниот дел на земјата. Обединетите нации и други меѓународни организации претпоставуваат дека за голем број убиства се одговорни приврзаниците на Куатара. Меѓународната „Хјуман Рајтс Воч“ саоопшти дека документирала злоупотреби од подржувачите на двајцата лидери.