Протести во Германија против производство на нуклеарна енергија

Протести против производството на нуклеарна енергија се одржуваат во неколку градови во Германија денеска. Околу 7,000 луѓе маршираат во градот Бремен, додека во Есен се насобрале околу 3,000 демонстранти, потврди полицијата. Германскиот канцелар Ангела Меркел неодамна најави исклучување на седум нуклеарни централи во земјата, по компликациите со нуклеарката Фукушима во Јапонија, која беше оштетена во земјотрес минатиот месец.