Либералите го избраа Ивон Величковски за нов претседател на партијата

Ивон Величковски е новиот претседател на Либералната партија. Вкупно 145 делегати на 10. конгрес што се одржа во Скопје на Величковски акламативно му ја доделија челната партиска позиција. „Евроатланските интеграции, ефикасна администрација, економска политика што ќе отвори инвестиции во малите и средни претпријатија, независно судство се приоритетите кон кои ќе се стреми партијата“ рече новиот претседател во обраќањето пред делегатите. Според Величковски, партијата во наредниот период ќе се фокусира на развојот на парламентарната демократија во земјата и затворање на спорот на името низ решение кое не навлегува во Уставот.