Одложено примопредавањето на должноста меѓу Пацоли и Красниќи

Беџет Пацоли

Одложено е за денесka најавеното примопредавање на должноста претседател помеѓу Беџет Пацоли и актуелниот претседател на Парламентот Јакуп Красниќи. „На барање на досегашниот претседател Беџет Пацоли, од објективни причини, примопредавањето на должноста претседател на Косово, од Пацоли на претседателот на парламентот Јакуп Красниќи, воедно и вршител на должноста претседател на Косово, нема да се случи денес, туку во понеделник, во 10 часот во претседателскиот кабинет“ стои во соопштението од Кабинетот на претседателот на Косово.