Погреби на загинатите во протестите во Сирија

Демонстрантите во Сирија ќе присуствуваат на погребалните церемонии на осуммината загинати во вчерашните протести во градот Дума, каде полицијата стрелаше кон про-реформистите. Властите демантираат дека безбедносните сили пукале кон насобраните, обвинувајки вооружени групи за жртвите. Претходно, полицијата изврши рации во Дара , град кој се смета за епицентар на немирите. Илјадници жители на ова населено место вчера маришираа против власта.