Прво одбележување на денот на аутизмот во Македонија

Во организација на Македонското научно здружение за аутизам кај Спомен-куќата на Мајка Тереза денеска беше одбележан 2 април - Светскиот ден на аутизмот, додека на Медицинскиот факултет во Скопје се одржа панел дискусија во организација на здружението на граѓани „Во мојот свет“. Меѓународниот ден на аутизмот во светот е востановен пред четири години од страна на Обединетите Нации, а во Република Македонија се одбележува првпат. Симболично беа поделени 300 балони, маици со знакот за аутизам и 1.200 памфлети со основни информации за аутизмот. Покровители на манифестацијата се сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова и градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ.