Баросо кон крајот на идната недела во Македонија

Жозе Мануел Баросо при посетата на Турција

Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо идната недела ќе посети неколку балкански држави.
Како што јавуваат медиумите во регионот, Баросо најпрвин на 7 Април ке го посети Загреб, а потоа Сараево, Подгорица и Скопје.
Баросо со лидерите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија ќе разговарал за европската интеграција на овие земји.