Протести во Кандахар поради палењето на Коранот во САД

U.S. -- Controversial Florida pastor Terry Jones

Во Кандахар денеска се одржуваат протести поради палењето на Коранот во една мала црква во Флорида во Соединетите Држави. Според АФП, околу 2 илјади демонстранти палеле гуми, уништиле неколку продавници и нападнале еденфотограф.
Протестите во Кандахар се случуваат и ден по вчерашниот напад на демонстрантите врз канцеларијата на Обединетите Нации во Мазар и Шариф во кој 8 странци и 4 авганистанци беа убиени.
Пасторот на Црквата во Флорида Тери Џонс изјави дека е вчудоневиден но дека не се чувствува одговорен.