Јапонскиот Премиер го посети разурнатиот северо-исток на земјата

Наото Кан

Јапонскиот Премиер Наото Кан денеска го посети разурнатиот северо - исток на земјата и на раселеното население му вети помош и подршка додека војската и полицијата ја продолжуваат потрагата по загинатите во земјотресот и цунамито.
Над 15 олјади луѓе три недели по земјотресот се водат за исчезнати. Властите стравуваат дека загинале околу 25 илјади луѓе. Околу 165 илјади луѓе се уште живеат во засолништа, 260 илјади домаќинства немаат вода, а 170 илјади се без струја.