Неколкумина загинати на протестите во Сирија

Илјадници сиријци денеска маршираа во градот Дара кој стана епицентар на растечкото движење против владата. Слични протести имало и во предградието на Дамаск, Доума каде што, според некои извештаи, полицијата отворила оган врз демонстрантите и притоа убила најмалку три лица.