Силен земјотрес на Медитеранот

Силен земјотрес чиј епицентар бил под морето денеска го потресе грчкиот остров Крит, а потресот бил почувствуван и во Египет и во Турција. Грчката полиција соопшти дека немала никакви пријави за штети. Според првичните проценки, земјотресот бил со сила од 6,2 степени според Рихтеровата скала.