Борби околу либискиот град Брега

Денеска во близина на нафтеното пристаниште Брега на истокот на Либија се воделе жестоки борби меѓу либиските бунтовници и силите лојални на Моамер Гадафи. Во меѓувреме, денеска во Бенгази лидерот на бунтовничкиот Преоден совет Мустафа Абдел Џалил изјави дека би можеле да го прекинат оганот под услов силите на Гадафи да се повлечат од градовите што се под контрола на бунтовниците. Шефот на американскиот Генералштаб адмирал Мајк Мулен претходно изјави дека најголем проблем за меѓународната коалиција се лошите временски услови и оти затоа авионите не можеле прецизно да ги погодат целите што ги бомбардираат.