Германија и Кина за дипломатско решение на либиската криза

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле денеска во Пекинг изјави дека кризата во Либија не може да се реши со воени средства. Шефот на кинеската дипломатија Јанг Џиечи наведе дека кризата во Либија треба да биде решена преку дипломатски пат. Двете земји беа воздражни на гласањето на Советот за безбедност на Обединетите нации за воведување зона на забранети летови над Либија.