Во Пакистан убиени тројца стражари на терминал на НАТО

Пакистанските власти соопштија дека исламистички милитанти нападнале терминал за камиони со намирници за НАТО силите во Авганистан, при што убиле тројца пакистански стражари. Се прецизира дека стражарите биле обезглавени.