Во Австрија уапсен ограбувач на банки со маска на Обама

Австриската полиција уапси лице под сомневање дека ограбувало банки при што на себе имал маска на американскиот претседател Барак Обама. Човекот бил уапсен по вчерашниот вооружен грабеж во Горна Австрија. Се верува дека станува збор за истото лице кое пред три години ограбил неколку банки во тој дел на земјата.