Дијалогот Белград Приштина не е за промена на границите

Албанскиот премиер Сали Бериша

Албанскиот премиер Сали Бериша во Тирана се сретна со косовскиот заменик премиер Едита Тахири, која ја предводи косовската делегација на разговорите со Белград. На средбата е повторен категоричнот став дека разговорите меѓу Приштина и Белград се за технички прашања и оти не станува збор за оние поврзани со суверенитетот или за промена на границите, се наведува во соопштението од кабинетот на Бериша. На разговорот било истакнато дека во регионот на западен Балкан постојат многу Митровици и оти секој вид алудирање или идеи за промена на границите не се во полза на стабилноста, безбедноста и мирот во регионот.