Демонстрации на ривалски групи во Јемен

Во главниот град на Јемен, Сана денеска се очекува да дојде до протести на групите кои го поддржуваат и оние кои бараат оставка од претседателот Али Абдула Салех. Тој вчера упати апел до граѓаните да покажат солидарност. Неговите опоненти се претежно млади луѓе кои кампуваат на плоштадот во близина на Универзитетот во Сана.