Спречен бомбашки напад пред стадионот на Борусија Дортмунд

Стадионот на Борусија Дортмунд

Германската полиција уапси 25-годишен маж осомничен дека планирал бомбашки напад пред стадионот на Борусија Дортмунд. Властите соопштија дека пронашле и деактивирале три експлозивни направи во близина на стадионот на бундеслигашот. Полицијата пронашла уште три експлозивни направи во станот на уапсениот Германец. Властите соопштуваат дека осомничениот бил уапсен во Келн, откако по е-маил добиле анонимна пријава за терористички напад. Полицијата вели дека нема индиции за поврзаност на осомничениот со терористички или исламистички организации.