Протест во Москва, полицијата уапси 25 лица

Полицијата во Москва денеска уапсила 25 лица кои носеле банер со анти-владин слоган на непријавени протести. Новинската агенција „Асошиејтед Прес“ јави дека демонстрантите се насобрале на плоштадот Триумфалнаја. Станува збор за еден од серија протести кои ги најави руската опозиција.