НБРМ: Инфлацијата во периодот јануари-февруари е 3,6 отсто

НБРМ

Растот на цените во домашната економија засега е контролиран, соопшти денеска Советот на Народната банка на Македонија. Според НБРМ, и покрај растот на вкупната инфлација, базичната стапка на инфлација во последните четири месеци е релативно стабилна и во февруари изнесувала 1 процент на годишна основа. Податоците за инфлацијата, смета Советот на НБРМ, укажуваат на натамошно умерено зголемување на општото ниво на потрошувачките цени, главно заради растот на цените на храната и на енергијата на светските берзи. Со тоа, просечната годишна стапка на инфлација во периодот јануари-февруари 2011 година изнесува 3,6 отсто, при годишна инфлација во февруари од 3,9 проценти, информира Советот на НБРМ по седницата на која расправаше за макроекономските проекции.