Одложен пописот во Србија поради немање пари

илустрација

Пописот на населението, домаќинства и становиво Србија, денеска официјално е одложен за периодот од 1 до 15 октомври оваа година, а пописот на земјоделство од 1 октомври до 15 декември 2012 година. Собранието на Србија денеска ги усвои измените на Законот за попис на население, домаќинство и станови во 2011 година, со што тој попис е одложен за шест месеци, поради недостиг на финансиски средства, како и измените на Законот за попис на земјоделството во 2011 година, со што тој попис е одложен за октомври наредната година. Првобитно беше планирано тие пописи да се извршат од 1 до 15 април, но поради недоволно буџетски средства, Владата на Србија предложи тие да бидат одложени.