Кувајт ќе избрка неколку ирански дипломати

Мохамед Ал Сабах

Кувајт соопшти дека ќе избрка неколку ирански дипломати кои ги обвинува за шпионажа. Министерот за надворешни работи Мохамед Ал Сабах ја даде најавата два дена откако судот во Кувајт им изрече смртни казни на тројца наводни соработници на шпионска мрежа. Тројцата осудени – двајца Иранци и еден државјанин на Кувајт, беа уапсени во мај минатата година.