Наскоро можен прв договор од дијалогот Белград - Приштина

Брисел - разговори на делегации на Косово и Србија

Косовската Влада нема да го прекине дијалогот со Белград поради тоа што Косово во моментот нема претседател, објави денеска „Коха диторе“, додавајќи оти наскоро може да се очекува прв договор од започнатиот дијалог.
Во Брисел следната недела ќе се сретнат претставници на Агенцијата за катастар на Косово, експерти од ЕУЛЕКС и претставници на матичната канцеларија на Србија со цел да се договорат за матичните книги.
Експертската група е именувана како Комитет за верификација на матичните книги.
Неименувани извори за „Коха диторе“ изјавиле дека експертите од Белград во Брисел ќе ги донесат и матичните книги однесени од Косово при повлекувањето на српската војска и полиција во 1999 година.