Хироши Таниучи добитник на годинашнава Мостови на Струга

Струга

Младиот јапонски поет Хироши Таниучи е добитник на годинашната награда „Мостови на Струга“ која ја доделуваат УНЕСКО и „Струшките вечери на поезијата“.
Тој официјално ќе биде прогласен вечер во Париз, каде што свечено ќе почне одбележувањето на јубилејните 50 години „Струшки вечери на поезијата“.
Манифестацијата ќе ја отвори македонскиот амбасадор во Франција Агрон Буџаку. Ќе се обрати и амбасадорот на Јапонија во УНЕСКО Исао Кисо, а за фестивалот ќе говори Данило Коцевски, директор на СВП.
На свеченоста ќе биде претставен и ќе се обрати академик Матеја Матевски, лауреат на 50-то издание на СВП и ќе се чита негова поезија.
Ќе има и изложба на македонскиот сликар Владимир Темков, а манифестацијата ќе биде затворена со прикажување документарен филм за 50-те години на најпознатиот поетски фестивал на Балканот