Седма акција „Ден на дрвото“

Под мотото „Ајде на садење, батали политика бар денес“ денеска ќе биде одржана седмата акција „Ден на дрвото - пролет 2011“. Во акцијата е во план да бидат засадени над три милиони дрвца. Владата за помасовно учество во акцијата го прогласи денешниот ден за неработен, кој ќе се одработи во сабота на 9 април.
Во претходните акции беа засадени над 30 милион дрвца на површина од 8.641 хектари и посеано е семе за четири милиони садници. Иницијативниот одбор „Ден на дрвото“ најави дека во октомври Македонија ќе организира балканска акција за засадување дрвца.