Косовскиот претседател Пацоли поднесе оставка

Беџет Пацоли

Косовскиот претседател Беџет Пацоли поднесе оставка на функцијата, откако Уставниот суд на земјата оцени дека неговиот избор за Претседател бил неуставен, бидејќи при гласањето во Собранието била прекршена изборната процедура.
Пацоли најави дека повторно ќе се кандидира за шеф на државата.