СДСМ ги повлече сите барања и најави учество на предвремени избори

Бранко Црвенковски

СДСМ ќе учествува на предвремените парламентарни избори, објави лидерот на партијата Бранко Црвенковски кој рече дека од денеска опозициската партија веќе нема никакви барања. „Во Парламентот не се враќаме и веќе не водиме никакви преговори со ВМРО-ДПМНЕ и власта“ изјави на прес-конференција Црвенковски во седиштето на партијата. Црвенковски рече дека нема да му дозволи на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да ја натера опозицијата на бојкот.Му порача на неговиот политички опонент Груевски и на владејачките партии „да донесат каков сакаат изборен законик и избирачки список и да трошат од Буџетот колку сакаат за нивно рекламирање по медиумите. „Само соопштете го денот на избори и ние сме тука“ рече Црвенковски. Лидерот на опозициската партија ги повика граѓаните да го поддржат и изрази уверување дека неговата партија ќе ја победи ВМРО-ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори.