Обама:Гадафи конечно ќе падне

Американскиот претседател Барак Обама по конференцијата за Либија

Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека е убеден оти либискиот лидер Моамар Гадафи „конечно “ ќе се повлече под интезивен меѓународен притисок. Во интервју за за „NBC““ изјави дека тој не ја отрфрла можноста вооружените либиски бунтовници во обидот да стекнат територијални придобивки да го соборат Гадафи. Вчера лидерите на 40 земји и меѓународни организации се договорија на конференцијата за иднината на Либија во Лондон да се направи група која ќе ги предводи меѓународните напори за стабилизирање на северноафриканската земја. Следната конференција за ситуацијата во северноафриканската земја ќе се одржи во Катар, најави вчера британскиот секретар за надворешни работи Вилјам Хаг.