Во заложничката драма во Ирак загинаа 58 луѓе

Ирак

Ирачките власти соопштија дека досега загинале 58 луѓе во заложничката драма во градот Тикрит. При вооружениот напад и неколку часовната опсада се ранети околу 100 луѓе. Меѓу загинатите има најмалку тројца пратеници. Полицијата соопшти дека напаѓачите детонирале бомби поставени во автомобили и фрлале гранати , по што упаднале во седиштето на советот на проинцијата Салах Ел Дин и земале заложници. Ирачките власти сметат дека Ал Каеда е виновна за овој напад.