Парламентот во Бахреин прифати оставки на 11 пратеници

од немирите во кралството

Парламентот во Бахреин денеска ја прифати оставката на 11 шиитски пратеници на опозицијата. Тие заедно со уште седум пратеници минатиот месец си поднесоа оставки поради проестите во земјата, организирани во знак на незадоволство на Шиитите од владеењето на сунитската монархија. Вонредна состојба е прогласена во земјата а контролата на случувањата е предадена на војската. Во немирите загинаа најмалку 12 лица.