Над 400 странски набљудувачи на локалните избори во Албанија

Над 400 странски набљудувачи ќе ги следат локалните избори во Албанија на 8 мај, соопшти денеска во Тирана шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ Џонатан Стоунстрит. Освен тоа, 39 меѓународни експерти ќе престојуваат подолго во Албанија и ќе бидат распоредени во целата земја, за да го следат текот на изборниот процес пред изборите, на денот на изборите и по затворањето на избирачките места, рече Стоунстрит. Мисијата ќе го следи изборниот процес во согласност со законодавството на земјата, но и во согласност со меѓународните ангажмани, преземени од сите земји-членки на ОБСЕ.