Белорусија воведе варијабилен курс на националната валута

Народната банка на Белорусија

Белорусија денеска дозволи ефективна девалвација на националната валута до десет проценти со цел да им го олесни пристапот на компаниите до странските валути. Купувањето и продавањето на странски валути ќе може да се одвива по варијабилен курс од десет отсто, соопшти денеска Белоруската национална банка. Потегот следи во услови кога белоруските власти се трудат да го олеснат притисокот врз оптеретените јавни расходи и зголеменото трошење на резервите. Агенциите за кредитен рејтинг веќе ја симнаа земјата на пониски рангови поради растечкиот јавен долг.