Груевски се сретна со лидери на исламските верски заедници на Балканот

Силата на секој поединец е во неговата религија, во верувањето и во вербата, а религијата го гради моралот кој е многу важен за изградба на здрав систем на вредности. Ова го истакна премиерот Никола Груевски на денешниот ручек што го приреди за учесниците на Петтата средба на лидерите на Исламските верски заедници на Балканот која се одржува во Скопје. На ручекот присуствуваа поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, претседателот на Дијанетот на Исламската заедница на Република Турција, д-р Мехмед Гормез, како и верските лидери на исламските верски заедници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Романија.