Хашкото обвинителство бара доживотен затвор за екс - началник на ГШ на ЈНА

докази во случајот против Перишиќ

Обвинителството на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија денеска побара поранешниот началник на Генералштабот на југословенската армија Момчило Перишиќ (од периодот 1993 - 1998 година) да биде осуден на доживотен затвор, пренесоа агенциите. На Перишиќ му се суди за воени злосторства и злосторства против човештвото. Тој е обвинет дека со персонална, логистичка и материјална поддршка за војските на босанската Република Српска и Српска Краина на хрватска територија значително придонесол за злосторствата, извршени од командантите и војниците на овие армии во Сараево, Сребреница и Загреб.