Десетмина загинати во вооружен напад во Ирак

Најмалку десетмина загинаа, меѓу кои цивили и полицајци во вооружен напад на штабот на провинцијалниот совет во градот Тикрит во северниот дел на Ирак. Напаѓачите детонирале бомби поставени во автомобили и фрлале гранати , по што упаднале во објектот и земале заложници, потврдија локалните власти. Полицијата и вооружените сили се обидуваат да влезат во зградата за да ги ослободат заложниците.