Филе: ЕУ ќе го помага Белград за да „ја отвори европската врата“

Штефан Филе

Комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе денеска ги повика институциите во Србија повеќе да се посветат на спроведување на реформите кои се услов за позитивното мислење за српската кандидатура за членство во ЕУ. Тој истакна дека Унијата несебично ќе го помага Белград за да „ја отвори европската врата“. Комесарот пред пратениците на српското Собрание наведе дека е мит оти ЕУ е уморна од проширувањето, додавајки дека Србија е добродојдена во европското семејство.