САД - Иранците сами решаваат за нивниот режим

Специјалниот советник во Стејт департментот Роберт Ајнхорн

Специјалниот советник за разоружување во американскиот Стејт департмент Роберт Ајнхорн изјави дека можната промена на иранскиот режим е прашање кое мора да го решат самите Иранци. Тој додаде дека во моментов Вашингтон не ги насочува своите напори кон менување на власта во Иран.

„Иранскиот режим не ни се допаѓа, но веруваме дека тој ќе биде сменет кога тоа ќе го реши иранскиот народ“, изјави Ајнхорн.