Груевски на средба со лидерите на Исламските верски заедници од Балканот

Премиерот Никола Груевски денеска ќе приреди ручек за учесниците на Петтата средба на лидерите на Исламските верски заедници на Балканот, што се одржува во Скопје. На средбата учествуваат претставници на исламските верски заедници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Албанија, Грција, Бугарија, Романија и Турција.