АИ ги обвини силите на Гадафи за исчезнување луѓе

Амнести Интернешнал ги обвини силите на либискиот лидер Момаер Гадафи дека спроведуваат организирана кампања на присилно исчезнување на луѓе во обид да ја скршат опозицијата во земјата. Се прецизира дека постоела евиденција за 30 такви случаи и оти ништо не се знае за судбината на тие луѓе.